


Imported from Facebook

Youth Information Methods
СЕГА е национална платформа на младински организации посветена на лобирање за потребни законски измени, како и на поддршка на младинскиот активизам, пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми.
Младински совет Прилеп и две партнерски организации ја поведоа иницијативата за формирање Коалиција на младински организации за аплицирање и спроведување на проектот „Национален акционен план за млади“. Продолжувајќи го процесот, Коалицијата на младински организации СЕГА беше неофицијално основана на 20 јануари 2004 година со цел да придонесе кон развојот и имплементацијата на Националната стратегија за млади на Македонија и да се подобри задоволувањето на потребите на младите. На 27 септември 2004 година беше донесена одлука за формална регистрација на Коалицијата како здружение на граѓани. Коалицијата СЕГА е национална организација со колективно членство.
.png)

.png)






